еМагазин
Image default
Свет

Австрија ја прошири листата на земји од кои има забрана за слетување на авиони, меѓу нив и Македонија

Со цел намалување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забранетата за слетување на австриските аеродроми на сите земји од Западен Балкан.

Новата уредба на Министерството за здравство го прошири списокот од осум на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Скопје, Софија, Тирана и Варна.

Според уредбата, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на карго-авиони, авиони што пренесуваат болни лица или ги враќаат австриските државјани, односно превезуваат медицински лица, како и работници за помош во земјоделството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) За време на бомбардирањето на Киев, погодена детска онколошка клиника едно дете загинало, две се повредени

Редакција

Трамп ги стопираше царините за 60 земји на 90 дена, освен за Кина

Редакција

(ВИДЕО) Што договорија Путин и Ким

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница