еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Авторитетите во ВМРО-ДПМНЕ почнаа да повикуваат на успешен референдум

Никола Тодоров, Владо Поповски, Љубчо Георгиевски, Гојко Јаковлески, Димитар Димитров, Љубе Бошковски, Ѓулистана Марковска, Љупчо Балковски… Сите овие личности ги врзува една работа – сите сега или своевремено биле авторитетни имиња во ВМРО-ДПМНЕ и сите се изјаснија дека ќе излезат да гласаат на референдумот за прифаќање на договорот со Грција и зачленување на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Посебно внимание заслужува мислењето на Владо Поповски, универзитетски професор, неколку пати министер во Владата, советник на неколку претседатели и на премиерот и што уште не. Малкумина знаат дека Поповски, кој сега работи како советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје додека беше активен предаваше историја на Правниот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј и дека овој човек наизуст може во детали да раскажува за македонската историја со часови.

Тој неодамна излезе со став дека е илузија дека Македонија би можела да добие подобар договор од овој и дека тој на 30 септември ќе излезе да гласа.

Човек што ја следел работата на Поповски уште од поранешна СФРЈ, преку осамостојувањето на Македонија до денес би требало да знае дека тој секогаш искрено работел за доброто на државата, а најдобар доказ за тоа е што иако повеќепати имал високи државни функции зад неговото име нема ниту една црна дамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Никола Тодоров ќе гласа на престојниот референдумот

Митко Јанчев: Не се согласувам со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, гласав за излегување на референдумот

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Основачите на ВМРО-ДПМНЕ повикаа да се гласа „ЗА“ на референдумот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преговорите со Скопје се завршени, дијалогот да го продолжи со ЕУ, вели Радев

Редакција

Министерот Едмонд Адеми одликуван со титулата ”Витез на редот на Скендербег”

Редакција

(Видео) Артан Груби давал државни пари на братот Ветон Груби, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница