еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Азбуката на Биби ја видоа повеќе од 6.000 деца и возрасни за нецел ден

Азбуката на сезнајката Биби од синоќа влезе во домовите на нашата детска публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. Секоја буква е своја приказна и токму преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет.

– Повеќе од 6.000 прегледи на азбуката на Биби за 16 часа, позитивни коментари од публиката, дечиња кои веќе ги повторуваат зборчињата на Биби нѐ охрабруваат дека сме на добар пат Биби да им стане најдобро другарче на децата. Со неа ќе можат да учат многу работи, но и многу да се забавуваат затоа што најлесно се учи низ игра, вели Марјан Алексовски, еден од основачите на Факултети.мк и продуцент на серијалот за Биби.

Oд работите што таа ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини на палавата Биби.

Веќе на 21 октомври, во терминот од 19 часот на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi, заедно со своите родители ќе може да ја проследат и првата сказна на Биби, „Биби и животните“. При крај е и подготовката на сликовницата на Биби, која наскоро ќе биде промовирана.

Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ракометарите кај Пендаровски: Државата секогаш ќе ви биде дом, нема да заборави што направивте за неа

Редакција

(Фото) Активниот туризам во Крушево добива нова слика: Отворени новите велосипедски патеки изградени по меѓународни стандарди

Редакција

Американскиот бренд GUESS со моно бренд продавница во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница