еМагазин
Image default
Македонија

„Балканската рута“ уште функционира: Полицијата откри 12 мигранти кај Смоквица и во Скопје

Дванаесет мигранти од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка вчера биле откриени во возило со скопски регистарски ознаки на клучката во село Смоквица, а пет на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 20:30 часот на клучката во село Смоквица полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од с.Арачиново, скопско.

Притоа, во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка. Н.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На меѓуградската автобуска станица во Скопје вчера во 13:00 часот биле забележани пет мигранти кои допатувале со автобус од Куманово. По пристигнувањето, тие влегле во такси возило, но набргу било пресретнато, по што возачот и патниците биле задржани во Полициската станица Карпош.

Со лицата бил извршен разговор, по што  биле предадени во Прифатниот центар за странци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 86,5%: За една недела 2.243 нови случаи на Ковид-19 од 33 градови

Редакција

„Меѓу измислените Бугари во Албанија повеќето Албанци“, објави македонскиот весник „Илинден“

Редакција

10 години затвор за македонски државјанин кој транспортирал марихуана преку границата со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница