еМагазин
Image default
Македонија

Груевски бара одлагање на казната поради пратеничките обврски и бидејќи пишува книга

Барањето за одлагање на казната за Никола Груевски денеска пристигнало до Кривичниот суд и веднаш е дадено на судија за извршување на санкции, кој во законски рок од три дена треба да се произнесе, информира на брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд во Скопје Иван Џолев.

Доколку е одбиена жалбата, Груевски има право да се жали до Кривичен совет, кој одлучува во втор степен.

Двете причини на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени.

Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска односно врз основа на докторската теза да напише книга.

Судијата за извршување на санкции има рок од три дена да одговори дали ќе го прифати предлогот и ќе го одложи издржувањето на казната за Груевски, а ако е незадоволен тој има право на жалба пред кривичен совет составен од тројца судии.

Експремиерот Груевски бара одлагање и од Врховниот суд. Неговите адвокати ова го предложиле уште минатата недела во барањата за вонредно преиспитување на пресудата за „Тенк“, но од Врховен велат дека до нив се уште не е пристигнато.

Во однос на упатниот акт за Груевски, Џолев на брифингот, посочи дека одбраната на 29.10 поднела посебно барање за одлагање на казната на Греувски.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот мерцедес.

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судбината на Груевски во рацете на осумтемина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: МВР без налог на обвинителството и судот не може да знае каде е Јанева

Редакција

Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон, бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи, вели претседателката на Антикорупциска

Редакција

Ковачевски очекува функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставка, одлуката на партијата немало да го разниша мнозинството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница