еМагазин
БЕСПАРИЦА

Бектеши најави можно замрзнување и на цените на оризот и јајцата

Листата на производи чии цени се замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи, а тоа би биле ориз и јајца, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

На прес конференција во Битола, Бектеши посочи дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените на производите кои биле формирани од трговците од 1 декември.

-Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат, туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали, нагласи Бектеши за време на посетата на РЕК Битола и додаде дека со владините одлуки се штити стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските сезонски работници во Италија гетоизирани и „невидливи“ за системот

Редакција

Нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните, велат од Владата

Редакција

За минимални месечни трошоци на четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница