еМагазин
Свет

Белгија се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка

Белгиските власти денеска одлучија да го забранат влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка, со цел да се запре ширењето на новите видови на коронавирусот.

– Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет, изјави белгискиот премиер.

Како што се додава, министерот за внатрешни работи што е можно поскоро ќе го објави указот за забраната за доаѓање.

Белгијците кои живеат во овие три земји можат да се вратат во земјата, но ќе мора да бидат тестирани и ставени во карантин.

Забраната не се однесува на одредени професии, што се поврзани со транспортот, морнарите, дипломати или членови на меѓународни организации.

„Федералната влада внимателно го следи развојот на епидемиолошката состојба. Планирани се натамошни консултации на ниво на ЕУ, особено со соседните земји, со цел да се постигне координиран пристап”, се додава во соопштението.

Според здравствените власти, во Белгија во моментов наjраспространет е британскиот вид на коронавирусот (86 проценти), а по него следи бразилскиот (4,9 проценти) и јужноафриканскиот (3,7 проценти).

МИА/Фото: Photo by François Genon on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глобални предвидувања за економијата, безбедноста, животната средина, технологијата во 2023

Редакција

Лицата од анектираните територии на Украина што ќе одбијат да земат руско државјанство ќе се сметаат за странци и може да бидат депортирани

Редакција

„Њујорк тајмс“: Трамп размислува за повлекување на САД од НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница