еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтини за половина денар по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,5 денари, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 61,5 денари за литар.

Еуродизелот (Д-Е V) ќе продолжи да се продава по 53 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар по литар и исто така ќе чини 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,155 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,06 денари..

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 0,82 отсто во последните седум дена и на дизелот за околу 2,47 отсто, како за 1,211 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензинот и дизелот поскапуваат до денар и половина

Редакција

Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Редакција

На компаниите им требаат 109 дена за наплата на побарувањата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница