еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинувааат до денар и пол, дизелот поскапува за половина денар

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од денар до денар и пол, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно најновата одлука, еуросупер БС-95 се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 48,50 денари за литар, а еуросупер БС-98 бележи намалување за 1,50 денари за литар и неговата нова цена ќе биде 50,50 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 46 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 35 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 18,891 ден/кг.

Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 проценти во однос на цените утврдени минатата недела.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 14,70 проценти, а кај дизелот зголемување во просек за околу 0,93 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Охридска банка“ со намалена добивка во првите три месеци од годинава

Редакција

Цементарница Усје оствари добивка од 17,2 милиони евра

Редакција

Консултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи и ќе се формира независно тело за мониторинг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница