еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за исто толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 80 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 82, дизелот за 71, а Екстра лесното масло за домаќинство за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,022 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 41,007 денари.

Како што информираат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,465 отсто, кај дизелот за 2,506, кај екстра лесното масло за 2,274 и кај мазутот за 1,512 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,309 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадата на Турција со детали за испораката на помош од Македонија

Редакција

Оилко откупи сопствени акции

Редакција

РКЕ: Во следните две недели да не се исклучуваат потрошувачите на струја, вода и парно поради неплатени сметки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница