еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините покапуваат за два, а дизелот 1,5 денари

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на Еуродизел (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуросупер БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, Еуросупер БС – 98 за 75, Еуродизел БС (Д-Е V) за 64,50, а Екстра лесното масло за греење за 64,50 денари за литар.

За 1,526 денари се зголемува и цената на Мазут М-1 НС, и еден илограм ќе чини 40,053 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848%, кај дизелот за 4,015%, кај екстра лесното масло за 5,285% и кај мазутот за 4,763%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,31%, велат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Хит оил“ го доби тендерот на ЈКП Тетово за набавка на нафта вреден 241.000 евра

Редакција

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Редакција

НЛБ Банка со финансиско советување за осигурителни продукти и пензиско осигурување пред своите експозитури

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница