еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена за литар еуросупер БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на еуросупер БС -98. Литар еуродизел БС (Д-Е V)  ќе се продава по 55 денари, а екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 44 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 1,28 проценти.

Од РКЕ Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468 проценти, дизелот за 2,983 проценти, екстра лесното масло за 3,177 проценти и кај мазутот за 1,94  проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

Редакција

12 во Тетово: Затворени 14 угостителски објекти поради непочитување на мерки за спречување на ширење на корона вирусот

Редакција

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница