еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за два денари

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 87,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 76,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,204 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,542 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,79 отсто, кај дизелот за 3,634, кај екстра лесното масло за 3,668 и кај мазутот за 3,143 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Снежна бајка во Аурора ресорт&спа во Берово

Редакција

„Судски ниски страсти“: Твитер реакции за Јанева, Стефанова, „Рекет“, „ороспија“ и „мачето“

Редакција

До каде е случајот „Базни станици“ на СЈО во кој се гони Луковски, екс-директорот на Т-Мобиле

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница