еМагазин
Image default
Локално

Беровскиот градоначалник го повика населението да се вклучи во гаснењето на пожарот меѓу Митрашинци и Будинарци

Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски го повика месното население да се вклучи во гаснење на пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци.

– Во моментот има голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година.

Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година, повика на својот Фејсбук-профил Пекевски.

Пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, кој е во планината на непристапен терен е надвор од контрола, вели за МИА командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски.

Според првичните проценки зафатени се околу 50 хектари мешана шума од даб и бука.

– Со пожарот се справуваме околу 30-тина пожарникари, вработени во ЈП „Македонски шуми“, како и членови на доброволното Противпожарно друштво. Во моментов ни е е потребна градежна механизација, за да се исчистат патиштата низ планинскиот предел, вели Руменковски.

Пожарот почнал синоќа, но денеска се проширил и кон шумата. На пожарникарите и на сите кои се вклучени во неговото гаснење им отежнува ветерот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „домаќинство“

Редакција

Кавадарчанец нападнат од пет лица во дворот на неговата викендичка на Тиквешко Езеро

Редакција

Загина 45-годишен маж од Ресен, со возилото излетал од патот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница