еМагазин
Image default
Бизнис

Бесими: 30 до 50% од бескаматната кредитна линија ќе се претвори во грант доколку компаниите го прошират својот бизнис

Важно е компаниите, кои покажале позитивни резултати, да ги инвестираат нивните средства за да ги развијат бизнисите, за што следува  дополнителна помош од државата. Со мерката „Кредити со 0 проценти камата за најпогодените сектори“ овие компании ќе имаат можност 30 проценти од кредитната линија да ја трансформираат во грант, доколку ја прошират нивната економска активност или го зголемат бројот на вработени, потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат телевизија.

„Доколку компаниите годинава го прошират својот бизнис за најмалку 10 проценти во споредба со минатата година, тогаш 30 проценти од кредитот се претвора во грант.

Доколку пак го зголемат бројот на вработени за 5 проценти споредено со минатата година, тогаш 50 проценти од кредитната линија станува неповратен, односно грант“, вели Бесими.

Тој нагласува дека овој пакет не е само за спас на економијата, туку е пакет за економско заздравување и економски раст.

Токму од овие причини и мерката „Финансиска поддршка за исплата на плати“ е редизајнирана. Како што нагласува  Бесими, „доколку во минатото, компаниите кои 2020 година ќе ја завршат со профит требаше да вратат 50% од субвенциите, сега ако тие го инвестираат овој дел, не се должни да ги вратат средствата во буџет, туку ќе ги искористат за проширување на бизнисот и развој на  економијата“.

Целта е овие средства да се адресираат за развој и инвестиции наместо да се вратат во буџетот и истите да бидат пренасочени за развој на домашната економија. Имено, оваа мерка се комбинира со мерката за кредити со 0% камата и идејата е комплетно да се трансформираме во модел насочен кон забрзување на економијата“, потенцира тој.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави биле трошоците на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Трајчевски за првата половина од годината

Редакција

Атанас Киров избран за генерален директор на велешки Димко Митрев

Редакција

Од 6 декември редовна авиолинија Скопје-Киев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница