еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бесплатни вакцини за грип за новинари и медиумски работници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) информира дека во соработка со Министерството за здравство обезбедени се бесплатни вакцини за сезонски грип за новинарите и медиумските работници постари од 50 години и за оние со хронична болест со шифра на болест со кои беше донесена одлука од Владата за нивно ослободување од работа со цел заштита од Ковид-19.

„Ве информираме дека според насоките од Министерството за здравство доколку некои од лицата кои го исполнуваат условот за вакцинирањето го прележале корона вирусот, a излегле од изолација пред помалку од еден месец НЕ СМЕАТ да се вакцинираат.

Ве молиме доколку има заинтересирани за вакцинирање од вашата медиумска компанија да ни доставите список на истите со наведување на име и презиме, година на раѓање и шифра на болест за ослободување од работа за хронично болните и да ни го доставите најдоцна до вторник (17 ноември) на електронската адреса на членот на ИО на ССНМ, Тамара Грнчароска tamara.grncaroska@gmail.com,“ информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Даниловски со радикален предлог: Директно изложување на омикрон на вакцинираните или прележаните под 50 години за побрзо справување со новата мутација

Редакција

Времето денеска сончево и потопло, со слаб ветер од југоисточен правец

Редакција

Тие што прележале Ковид-19 не мораат да брзаат со (ре)вакцинација, порачува Трајковски, повикувајќи се на рускиот вирусолог Зверев

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница