еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без побарана согласност од Обвинителството Пендиков бил пренесен во Софија

За телевизијата Телма, од Јавното обвинителство велат дека никој од нив не побарал согласност за транспортот со авион што бугарските власти му го организираа на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ од Охрид,  Христијан Пендиков, за да се лекува на ВМА во Софија, иако за кафеанската тепачка во која тој се здоби со тешки повреди се води активна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

-Во однос на транспортот на наведеното лице, од Јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија.

Оштетениот до два пати даде свој исказ во постапката и е достапен на органите на прогонот. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице, велат од Обвинителството за Телма.

За Пендиков исто така не бил одреден притвор, ниту друга мерка за обезбедување за дрогата, што кај него лани ја пронајде полицијата, затоа што била мала количина, а по пријавата се постапува, по што ќе биде донесена одлука, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Османи не му било важно што ќе покаже истрагата за Пендиков

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИМ од Свети Николе во првиот квартал со загуба

Редакција

Почнува зимското сметање на времето: Сказалките на часовникот еден час наназад

Редакција

Намалување на маржата на 10% на основните прехрамбени производи стартува денеска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница