еМагазин
Свет

Без причина оставка си поднесе претседателот на Светска банка, Џим Јон Ким

Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким ја напушта функцијата на 1 февруари.

Вршител на должноста претседател на СБ ќе стане Кристалина Георгиева, генерален директор на оваа институција, јави Би-Би-Си.

Џим Јон Ким стапи на должноста шеф на СБ на 1 јули 2012 година со мандат од пет години. Подоцна, Советот на директори на банката повторно го избра за претседател до 2022 година.

„Голема чест беше да служам како претседател на оваа извонредна институција, полна со страсни поединци, посветени на мисијата за ставање крај на екстремна сиромаштија”, се наведува во соопштението од Ким.

Тој не ја соопшти причината за неговата оставка.

Исто така, не е наведено кое е неговото ново работно место. Извесно е дека тој ќе работи во компанија која се занимава со инвестиции во инфраструктурите на земјите во развој.

Бугарката Кристалина Георгиева до 2017 година работеше како комесарка за буџет и човечки ресурси во Европската комисија, предводена од Жан Клод Јункер.

МИА/Фото/Твитер/Џим Јон Ким

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ерменија и Азербејџан постигнале договор за прекин на огнот

Редакција

„Њујорк тајмс“: Компаниите на Трамп со загуба од над една милијарда долари од 1985 до 1994 година

Редакција

СЗО: Можно е зголемување за 55% на заболените од рак до 2040 година, повеќе ќе заболуваат мажите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница