еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?

Со недели милиони Кинези живеат во карантин, а освен проблемот со секојдневна потреба од храна, сега се соочуваат и со недостиг на пари, поради неодењето на работа и недобивањето на плата.

Со вакви ситуации кои наликуваат на сцени од некој научно-фантастичен филм, деновиве живеат и милиони Италијанци.

И не само тоа, нема повеќе социјализација, дружење со пријатели, одење во кино, диско, ресторани, теретани, балет, патување… Обидете се тоа да им го објаснете на Италијанците, со кои по менталитет сме вистински браќа.

Бројот на заразени низ светот драстично расте од час во час, а земјите за превенција преземаат се подрастични мерки. Разбирливо, не има секакви и не секој ги почитува истите, па работите дополнително може да ескалираат, а здравствените системи и во најразвиените земји да не може да одговорат на сите нови случаи на заразени лица, што е и најголемиот предизвик на светот во периодот што следи.

Македонија за среќа е далеку од вакво секојдневие, но никој не може да каже што ќе се случува наредните денови, недели, месеци…

Имајќи го предвид нашиот менталитет, но и последната ситуација со заболената директорка на Клиниката за кожни болести, која е лекар, а реши да не ги почитува препораките и доведе во опасност од заразување стотици други лица, лицата кои на граница даваат лажни податоци, бегството на лице сомнително на вирусот од болницата во Штип… само еден Бог знае како би изгледало живеењето и како ќе се однесуваме во Македонија под карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Визуелен одговор преку инфографици, за најчесто поставуваните прашања за корона вирусот

Коронавирусот пристигна и во Турција

Мерки за превенција од корона вирусот: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

ЈСП од утре со редуциран возен ред поради состојбата со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

Редакција

“Каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград е чин на вандализам“, Ковачевски очекува бугарските власти да ги пронајдат сторителите

Редакција

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница