еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Никој не се јавил на повикот за превозници, ЈСП ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз, велат од Град Скопје

По истекување на рокот за пријавување на јавниот повик за приватните автобуски превозници за линиите 9,11 и 12, од Град Скопје за МИА информираат дека во недостиг на интерес за јавниот повик, Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз.

„Градот Скопје даде можност за сите оние кои сакаат чесно и одговорно да работат и заработуваат од јавниот превоз, да се пријават на јавниот повик, соодветно бидејќи нема истакнат интерес ЈСП Скопје продолжува со сопствен капацитет да извршува непречен, навремен и стандардизиран јавен превоз.

За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси,“ велат од Град Скопје.

Инаку, вчера истече рокот за пријавување и на вториот јавен повик за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12, кадешто се бараа 28 автобуси и 59 возачи.

Од Град Скопје за МИА велат дека останува да се види само евентуално доколку пристигне понуда по пошта. Јавното отворање на понудите, согласно јавниот повик, е закажано за 24 јануари во просториите на Градот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300.000 руски резервисти ќе бидат мобилизирани да се борат во Украина

Редакција

Убава вест: Оздравени 502 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје 306

Редакција

Инфлацијата забавува, но и понатаму е висока во споредба со историскиот просек, велат од Народна банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница