еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Бил Гејтс: Можеме да видиме дека доаѓа крајот на пандемијата

Светот се немаше подготвено за пандемијата на коронавирусот ни приближно колку што требаше, оценува филантропот и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во интервју за „Скај њуз“, во кое додава дека вакцината ќе им помогне на луѓето да се вратат во нормала.

Тој, исто така, зборуваше за тоа како неговата Фондација АКТ-А помогна да се мобилизираат ресурсите и каква улога играше во ставање под контрола на пандемијата.

-Кога пандемијата не погоди, сфативме дека тоа е глобален проблем и мораше да организираме ресурси на глобално ниво. Многумина помогнаа, особено Велика Британија, Франција и САД, и заедно со Светската здравствена организација и нашата фондација тие рекоа, ’добро, што можеме да сториме’, рече Гејтс.

“ЦЕПИ (Коалиција за иновации во подготвеноста на епидемии) помогна во истражувањето на вакцините, ГАВИ (Алијанса за вакцинација) ги купи вакцините, Глобалниот фонд финансираше терапии базирани на кислород. Тоа го стори АКТ-А, ги искористи сите дополнителни ресурси и ги координираше на глобално ниво“, рече основачот на „Мајкрософт“ за „Скај Њуз“.

-Од исклучително значење е што го сторивме тоа, бидејќи светот не се подготвуваше за пандемијата ни приближно колку што требаше. Учевме попат, но јас би го рекол – да, делумно заради тоа што го стори АКТ-А, делумно заради парите што за развој и истражување ги дадоа САД, сега имаме вакцини и гледаме дека на оваа пандемија ќе и дојде крајот, рече Гејтс.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЦГК: Договори за јавни набавки вредни над 400 милиони евра лани склучени во постапки со само една понуда

Редакција

Маркетите нема да работат за Божиќ

Редакција

(Видео) Славески не ја препозна градоначалничката Арсовска со новата фризура – хит видео на социјалните мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница