еМагазин
Image default
Бизнис

Бислимоски едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, едногласно е избран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), на редовниот состанок кој се одржa во Атина.

„Едногласниот избор на Марко Бислимоски за оваа исклучително важна функција која ќе ја извршува во следните две години, претставува и признание за лидерската улога на Регулаторната комисија за енергетика во реформите во енергетскиот сектор во рамки на Енергетската заедница.

Претседавањето со Одборот на регулатори на Енергетската заедница од страна на Марко Бислимоски ќе овозможи уште повеќе да се зајакне улогата на Регулаторната комисија за енергетика како една од носечките институции во енергетските реформи во регионот“, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 275.000 евра продадени 3.000 акции од Комерцијална банка во две блок-трансакции

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МВР за набавка на екстра лесно гориво вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница