еМагазин
Свет

Бизнисменот кој секогаш e пред времето, Илон Маск предвидува: Кинеската економија ќе биде три пати поголема од американската

Кинеската економија наскоро ќе биде два до три пати поголема од онаа на Соединетите Американски Држави, според Илон Маск, американски претприемач и основач на СпејсИкс.

Маск истакна дека беше „многу одамна“ кога САД беа најголемата економија во светот.

– Се приближуваме до ситуација кога кинеската економија би можела да биде два до три пати поголема од американската. Тоа е едноставно еден поинаков свет, рече милијардерот во онлајн-интервју, организирано од „Вол Стрит Журнал“.

Претприемачот додаде дека повеќето претставници на кинеската влада пораснале со чувство дека економијата на земјата е „мала“. Истовремено, Маск истакна дека неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има добри односи со Кина.

– Не сакам да изгледам дека поддржувам сè што прави Кина, ниту ќе кажам дека поддржувам сè што прави САД или која било друга земја. Генерално, мислам дека се движиме кон интересен и нов свет. Не треба да заборавиме дека сите сме луѓе, потенцираше Маск.

МИА/Фото: Маск/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто бројот на смртни случаи од коронавирусот е мал во Германија?

Редакција

(Видео) Колкава моќ имаат ракетите АТАКМС, за кои САД дозволи Украина да ги користи на територијата на Русија

Редакција

(ВИДЕО) Големи редици за купување марихуана за рекреативна употреба во Чикаго

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница