еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Благодарница за ЕДС за поддршка на проектот „Замисли желба“

Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), како општествено одговорна компанија, годинава беше дел од поддржувачите на хуманитарниот проект „Замисли желба“ која што ја организираше Националната галерија, информираат од таму.

Компанијата преку овој проект реализираше и донација за Фондацијата „Марко Божиновски“ со цел подобрување на условите за развој на спортот и спортските активности меѓу младите.

Благодарницата од Националната галерија во име на ЕДС ја прими главниот финансов директор, Илијас Тсоукалас на завршниот настан на проектот кој што се одржа во просториите на Националната галерија во Чифте амам.

-Преку овој проект компанијата издвои финансиски средства со цел да придонесе за подобри услови за развој на спортот и спортските активности меѓу младите. Донација на ЕДС опфаќа монитори за отчукување на срце на млади спортисти, средства за спортски кампови за млади, како и за продолжување на организацијата на годишниот Куп „Марко Божиновски“, но и за завршување на веќе започнатата спортска сала за младинци до 18 години, велат од ЕДС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Волонтерите на ЕВН го изградија првиот парк за миленичиња во Струмица

Редакција

Легендарната Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Редакција

(Фото) На хуманитарниот базар во „Нова“ се собраа средства за Дневниот центар за деца на улица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница