еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Блу Скај инвесмент нов сопственик на фудбалскиот клуб Вардар

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сопственикот на Блу Скај инвесмент (Blue sky investments), Слободан Крстевски и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар, денеска одржаа прес-конференција за преземањето на фудбалскиот клуб Вардар од компанијата Блу Скај, информираат од Град Скопје.

– На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашава земја.

Станува збор за фирмата Блу Скај инвесмент, која е согласна во целост да го преземе постојниот договор со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик, кажа градоначалникот Шилегов.

Новиот инвеститор ја презема обврската во целост да ја рехабилитира екипата и што е можно побрзо тимот да се врати во првата фудбалска лига.

– Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор.

Во наредниот период јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје, на следната седница, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор да биде одобрен, како од надлежен орган кој ја има донесено и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар, додаде Шилегов.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 86,5%: За една недела 2.243 нови случаи на Ковид-19 од 33 градови

Редакција

Денеска студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари

Редакција

Католиците, протестантите и дел од православните верници го чествуваат Божик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница