еМагазин
Image default
Македонија

Бојан Јовановски – Боки 13 отстранет од судница на рочиштето за „Меѓународен сојуз“

По неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски Боки-13.

Оваа одлука на судијката Гаврилова Ефремова на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ уследи откако обвинетиот Јовановски и се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна“.

„Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот“, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница, одлучи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Претходно, на денешното рочиште, исто така, заради попречување на презентација на доказите беше отстранет од судница и обвинетиот Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Јовановски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 преку пораки комуницирал со Заев и Кирацовски

На Боки 13 не му дозволија да изрази сочуство за Малиќи, татко му отстранет од судот: Судење за „Меѓународен сојуз“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДПА за изборната кампања прибрала донации од 16.700 евра, донирале само 14 лица

Редакција

Македонци со српско државјанство се вакцинираат против Ковид-19 во Србија

Редакција

Референдумот за промена на името повторно оспорен пред Уставниот суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница