еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 во Обвинителството за да заврши со поднесувањето кривични пријави против функционери и бизнисмени

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник.

Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив.

Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …

Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ременски, Боки 13, Мандиќ на суд: Почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“

Боки 13 поднесе пријави против актуелни и поранешни функционери

Ќе има ли епилог за „Империја“ по затворските казни за Јанева и Боки 13?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 928 казни за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со 5 евра

Редакција

(ВИДЕО) Сузбиена меѓународна криминална група за трговија со дрога, приведени 10 лица, запленета дрога вредна над 200.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница