еМагазин
Image default
Бизнис

Бојан Стојаноски именуван за член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје

Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје го именува Бојан Стојаноски за член на Управниот одбор – генерален директор за управување со ризици на Стопанска банка АД Скопје, соопшти банката преку Македонската берза.

Мандатот на членот на Управниот одбор од точка 1 ќе биде четири години од датумот на стапување во сила на оваа Одлука.

„Претседателот или заменик претседателот на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје е овластен да го потпише Менаџерскиот договор со генералниот директор за управување со ризици и член на Управниот одбор од точка 1 од оваа Одлука.

Оваа Одлука е со важност од денот на донесувањето и стапува во сила на денот на добивање на потребната согласност од страна на Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриос Христопулос поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Скопје

Детален преглед: Стопанска банка Скопје распродава запленети згради, куќи, деловен простор, машини…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Адора Инженеринг“ повторно купи акции од „Комерцијална банка“

Редакција

Ќе ги плаќа по 10 евра за легло на ден: Владата ги повика хотелите да ги отстапат капацитетите за државни карантини

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 18,8 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница