еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Богољуб Макревски назначен за стечаен управник на „Трансмет“: Се повикуваат доверителите да ги пријават побарувањата

Централниот Регистар постапувајќи по службена должност за упис на решение од Основен суд Скопје 2-Скопје 2 поради отворање стечајна постапка над друштвото за градежништво, транспорт и трговија „Трансмет“ ДОО Скопје-во стечај донесе решение со кое се одобрува пријавата.

„Со решение 2 од 04.09.2019 година на Основен суд Скопје 2 Скопје се усвојуваат предлозите за отворање стечајна постапка над должникот друштво за градежништво, транспорт и трговија „Трансмет“ ДОО Скопје.

За стечаен управник се определува Богољуб Макревски од Скопје и се повикуваат доверителите во рок од 15 дена од објавувањето на решението во Службен весник на РСМ да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник.

Се повикуваат доверителите кои имаат разлачни права на подвижни предмети и права на должникот како и доверителите кои имаат разлачни права на недвижностите на должникот што не се запишани во јавните книги односно разлачни права на недвижностите што се запишани во јавните книги во рок од 15 дена од објавувањето на решението во Службен весник на РСМ да ги пријават своите побарувања кај стечајниот управник.

Се повикуваат должниците на стечајниот должник да ги исполнат своите обврски што ги имаат спрема должникот на стечајниот управник.

Се закажува рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на ден 28.10.2019 година, во 10,00 часот во судница 15, III- кат нов дел“, пишува во диспозитивот на решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стечај за „Трансмет“ на Сеад Кочан, еден од ретките кој заврши во затвор по обвинение од СЈО

Сеад Кочан доби затворска казна од 6 години, „Трансмет“ и „Силекс неметали“ да платат 2 милиони денари

„Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифонов против францускиот предлог: Во Македонија нема бугарско малцинство, туку Бугари, нема и македонски јазик

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Имаме сериозни индиции дека пожарите се подметнуваат од политички причини, вели Спасовски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница