еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад.

Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица.

По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.

Претходно, извори од МВР за МИА потврдија дека три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна.

Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршил на клиника, Боки 13 претепен од тројца затвореници

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ денеска избира членови на Извршниот одбор, генерален секретар и потпретседатели

Редакција

Пендаровски го потпиша Указот за Законот со кој се амнестираат граѓаните за непочитување на ковид-мерките

Редакција

Против државата се водат арбитражни постапки во вредност од 1,365 милијарди евра, последните две покренати во јули и август

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница