еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13, татко му и неговата асистентка на распит за „Рекет 2“

Денеска во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на распит треба да се појават Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и неговата асистенка, Христина Блажевска.

Тие се дел од осомничените во т.н. случај “Рекет 2“.

Минатата недела исказ даваа и останатите две осомничени, пратеничката и потпреседателка на Собранието и почесна претседателка на Сојузот, Фросина Ременски и заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ.

За што се работи во случајот „Рекет 2„?

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9. октомври против овие пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

„Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација“, информираа од Обвинителството.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот немал никаква реакција, а не работел ни АБС системот за кочење: Судење за несреќата кај Ласкарци

Редакција

17 приведени за сквернавење на знамиња, голем дел се малолетници: Детали од МВР

Редакција

Надвор ќе се протестира: Собранието денеска ќе расправа за „францускиот предлог“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница