еМагазин
Image default
Македонија

Боледување на адвокатот на обвинети во „Монструм“ го одложи судењето

Боледувањето на адвокатот Асмир Алиспахиќ, бранител на дел од обвинетите во случајот „Монструм” го одложи денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилсковото Езеро, во април 2012.

Ова е второ рочиште по ред што се одлага, откако последното не се одржа од причина што друг бранител во постапката беше во самоизолација поради коронавирусот.

Случајот „Монструм” кој по одлука на Врховниот суд, повторно се суди во Кривичен суд Скопје, и моментално е во фаза на доказна постапка.

Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН: Се одржуваат првите часови и со физичко присуство и преку онлајн платформата

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери и законот за двојазичност ќе го даде на Уставен суд

Редакција

По сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, македонските „Анонимуси“ ги хакнаа и министерствата за здравство и образование

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница