еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар од Ковид-19 почина еден пациент, претходно починала и неговата сопруга

Се пополнуваат болничките капацитети во ковид центарот и хируршкото одделение во Општата болница со проширена дејност во Дебар, како последица на зголемениот број заразени на кои им е неопходен болнички третман.

Директорот на болницата, Баки Алили, за МИА, потврди дека моментално се хоспитализирани 38 пациенти, што е за осум повеќе од вчера попладне.

-Од нив на кислородна поддршка се 32 пациента. Дневно  амбулантски се лекуваат во просек 30 пациенти, додека во здравствени установи во Скопје имаме седум лица од нашето подрачје.

И покрај сите напори на здравствениот кадар, за жал, денеска почина повозрасен пациент од Центар Жупа, кој беше хоспитализиран десеттина дена. Претходно како последица од опасниот вирус почина и неговата сопруга, изјави Алили.

Дека епидемиолошката состојба е неповолна говорат и бројките кои потврдуваат дека заклучно со вчерашниот ден само овој месец опасниот вирус е дијагностициран кај 335, главно невакцинирани и пред сè на возраст од 20 до 40 години. Во списокот на закрепнати се внесени вкупно 139, додека за жал починале 15 лица.

-Веќе не апелирам, туку ги замолувам граѓаните сите кои не се вакцинирале тоа да го направат ден порано зашто само на тој начин може да се заштитиме себе си, нашите најблиски и поширокото опкружување.

Тоа може да го направат во модуларната болница која е ванцинален пункт, во дворот на нашата установа, не е потребен термин, туку со себе треба да понесат само документ за идентификација, порачува Алили.

Додаде дека само денес аплицирани се 150 вакцини од Фајзер, која се користи за ревакцинација, како и од „Синофарм“ и „АстраЗенека“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа пет пациенти

Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема регистрирано новозаболени

Редакција

Русија ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да не слушнат, рече Путин во говорот на воената парада во Москва

Редакција

(ВИДЕО) Успешно лансирана ракетата „Фалкон-9“ на „СпејсЕкс“ со четворица астронаути

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница