еМагазин
БЕНЧМАРК

Шефот на европската дипломатија, Борел: Се надевам дека вакцината „Спутник V“ ќе се користи во ЕУ

Шефот на европската дипломатија, Жозе Борел за време на неговата посета на Москва, денеска изјави дека се надева дека руската вакцина „Спутник V“ наскоро ќе користи во ЕУ.

Според Борел, „Спутник V“ е „добра вест за човештвото“, јавија руските медиуми и потсетуваат дека вакцината уште во август беше одобрена од руската Влада, а многу земји изразија интерес да ја купат.

Европската унија потпиша шест договори за повеќе од две милијарди вакцини од различни производители, од кои само три се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), но сите производители доцнат со испораките на нарачаните вакцини.

– Сега се надевам дека ЕМА ќе може да ја потврди ефикасноста на руската вакцина за да може да се користи во земјите на Европската унија. Тоа би било добра вест, бидејќи се соочуваме со недостиг на вакцини, додаде Борел.

Американските медиуми наведуваат дека ЕМА се уште го нема добиено барањето за одобрување на вакцината „Спутник V“.

МИА/ Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Комисија повторно препорача почеток на преговори со Македонија

Редакција

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Редакција

Инфо деновите за ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат и оваа недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница