еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Брако“ со повеќе од 650 македонски добавувачи е двигател на македонската економија

И покрај глобалните предизвици кои ги донесе ковид-пандемијата, „Брако“ останува стабилен економски фактор во македонската економија континуирано соработувајќи со повеќе од 650 македонски компании како добавувачи на репроматеријали и услуги, информираат од компанијата.

“Во период на нарушено функционирање на синџирот „снабдување – производство“, „Брако“ е сигурна и неопходна алка во истиот и тоа во услови кога многу македонски фирми бележат загуби и се пред тежок предизвик.

Побарувачката од страна на 95% извозно ориентирана компанија директно влијае и на растот и развојот и на останатите домашни компании. А, меѓусебната соработка придонесува, тие да бидат значајни двигатели во вкупниот економски развој на нашата држава.

Кога ниту еден индустриски сектор во светот не е поштеден од ударот на корона кризата „Брако“, конкретно годинава, реализираше годишен обрт од 33,5 милиони евра.

Со своите високо финализирани производи, квалитетен кадар, искуството, примената на „know-how“, инвестирањето во најсовремена технологија, „Брако“ продолжува да биде катализатор на економскиот раст и развој и силен поддржувач на македонската економија“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вклученоста на жените на пазарот на труд во регионот сѐ уште е ниска и изнесува 45%, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Затворски чувар во Идризово ослободил затвореник кој подоцна извршил вооружен грабеж

Редакција

18 нови случаи на Ковид-19 од 684 тестови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница