еМагазин
Image default
Балкан

Британскиот турист во Грција има варичела, а не мајмунски сипаници

Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот беше позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)“.

Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата.

Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турист од Англија кој бил на Кефалонија, прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ во Грција

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за патување со брод низ Грција, ќе Ви треба формулар, две дози вакцина или тест

Редакција

КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци

Редакција

(Видео) Движење за слободни плажи се шири низ Грција, се бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница