еМагазин
Image default
Македонија

Бројот на починати од корона вирусот во Тетово се зголеми на 49 лица

Тетовскиот регион бележи најмногу смртни случаи за едно деноноќие од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Пет луѓе болни од Ковид-19 починаа во тетовската болница и уште еден во скопската болница „8 септември“.

„Во клиничката болница починаа двајца од Тетово и по еден од Мала Речица, Пирок и Камењане. Починатите се на возраст 60, 63, 69, 72 и 77“, соопшти директорот Флорим Бесими.

Министерството за здравство информираше дека во Градската општа болница „8 септември“ е починат и најмладиот, 58 годишник од тетовско. Вкупно починати од Ковид-19 во тетовско се 49 лица.

„Од новите 12 заболени за денес со Ковид-19, седум се во општина Тетово, по двајца во Боговиње и Желино и еден во општина Јегуновце“, информираше д-р Зорица Зафироска, од Центар за јавно здравје Тетово.

Сега активни случаи има 374 или вкупно 640 дијагностицирани.

МИА/Фото: Општина Тетово

Болниците се полнат, во потешка состојба 55 лица заболени од корона вирусот

Детален преглед по скопски општини: Чаир се уште рекордер по бројот на заболени од корона вирусот

Починаа 9 лица заразени од корона вирусот, од нив 6 од Тетово

Нови 150 случаи на заразени од корона вирусот, дури 93 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Царината на Богородица заплени девизи и злато во вредност од еден милион евра

Редакција

(Видео) Адвокатот Менкиновски: Белешката на АНБ е единствениот доказ за притворање на Камчев, а не сме ја виделе

Редакција

Кои пратеници од Македонија ќе гласаат дали Косово ќе стане членка на Советот на Европа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница