еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на превезени патници во првото тримесечје намален за 44,5 отсто

Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година изнесува 9.158.000 и во однос на истиот период лани е е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 51,7 отсто, а во меѓународниот превоз за 60,3 отсто.

Во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66,2 отсто.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,8 отсто, во приградскиот превоз за 68,2 отсто, во меѓуградскиот превоз за 58,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сковин“ во загуба во првите шест месеци од годинава

Редакција

Aкции на Македонската берза со најголем пад на вредноста во февруари

Редакција

Во април раст на годишна основа на депозитите и на кредитите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница