Од семејниот настан, од кој произлезе нов кластер на лица заболени со коронавирусот во Скопје се заразиле дваестина лица, рече на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче рече дека тој кластер е под контрола, односно дека се знае од каде се заразиле новозаболените лица.
Тој исто така информираше дека Институтот за јавно здравје ги изработил кластерите во Куманово, а по истата метода ќе бидат изработени и за Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има и митинзи и посети од врата на врата, а ќе гласаме со маски, готов е протоколот за изборите
Убава вест: Уште 6 пациенти излекувани од коронавирусот, вкупно 1.235
Нови 29 случаи на заразени со коронавирусот во Македонија, вкупно 1.723