еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Владата го објави предлог-буџетот за 2019 година во кој меѓу другото за изградба и реконструкција на административни згради на државните органи се предвидува да се потрошат 217,5 милиони денари или околу 3,5 милиони евра.

„Во рамките на оваа потпрограма се предвидени активности поврзани со изградба и реконструкција на административни згради на државни органи, како и ентериерно уредување на Градска куќа“, пишува во буџетот.

Инаку, изградбата на Градска куќа за потребите на администрацијата на Град Скопје почна уште во 2011 година. Новиот објект во неокласичен стил требаше да биде готов за четири години, но тој сѐ уште се гради под скопското Кале.

Се предвидува таму да бидат сместени кабинетот на градскиот татко, Архивата на Град Скопје, салата за Советот, како и други простории за градската администрација.

Градската куќа е дел од проектот „Скопје 2014“ на ВМРО ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буџет за 2019 година: Владата одвои повеќе пари за претседателот Ѓорѓе Иванов

Буџет за 2019 година: Новата Оперативно-техничка агенција доби 50,1 милиони денари

Рекордни 461 милиони евра за плати на администрацијата во буџетот за 2019 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 2.778 повици за помош поради невремето

Редакција

Затворени четири угостителски објекти, кои не ги почитувале протоколите и не биле регистрирани

Редакција

Апликацијата „Bitola City Bus“ на битолчани ќе им овозможи следење на моменталната состојба на автобусите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница