еМагазин
Image default
Балкан

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „АстраЗенека“ на земјите од Западен Балкан

Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „АстраЗенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство, Стојчо Кацаров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија.

-За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со Европската комисија и фирмата производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме, рече Кацаров.

Тој истакна дека Бугарија има предност како земја-членка на ЕУ да располага со огромна количина од сите вакцини и оти располага со доволно вакцини за исполнување на своите потреби, додавајќи дека земјата располага со 13 или 14 милиони вакцини до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 од Грција ќе пристигнат во државата, најверојатно „АстраЗенека“

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за поморство на Грција си поднесе оставка поради убиството на патникот од страна на екипаж на Блу хоризонт

Редакција

Вучиќ: Ова е напад на целата земја и терористички чин, следуваат нови мерки за носење оружје и поостри казни

Редакција

Грчка Река го поддржува Дoговорот од Преспа, но не и владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница