еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија финансира медиум во Македонија, открива уредникот на медиумот

Во интервју за бугарскиот весник Труд, уредникот на порталот Трибуна.мк, Атанас Величков, меѓудругото открива и дека државата Бугарија го финансира медиумот кој го уредува.

„Трибуна се појави пред 5 и пол години. Идејата за самиот медиум е моја и на еден од моите најблиски луѓе – господинот Петар Колев. Кум на медиумот е професорот Георги Трендафилов.

Многу луѓе ни помогнаа низ годините. Веќе 2 години работиме на проекти на Министерството за надворешни работи на Бугарија, а за тоа да се случи главната заслуга има тимот на бугарската амбасада овде на чело со амбасадорот Ангел Ангелов и неговиот заменик Петар Петров“, одговара Величков на прашањето како се финансира порталот.

Една работа е што на порталот наместо актуелни вести од Македонија и Бугарија, доминираат коментари со негирање на Македонците и извртување на историјата, што е воочливо уште прво отварање, а друга дека оваа е уште еден доказ за постојаното мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија и кршење на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Фото: Бугарско МНР/Трибуна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија со скок од 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти, суспектни и болни од Ковид-19

Редакција

Трамп и официјално стана 47. претседател на САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница