еМагазин
Балкан

Бугарија од 13 мај ја отвора сезоната за домашни туристи, во преговори и за странски

Домашниот туризам во Бугарија ќе продолжи на 13 мај, кога ќе заврши вонредната состојба, но не е познато кога земјата ќе почне да прима странски туристи.

Министерката за туризам, Николина Ангелкова изјави дека следната недела ќе почне постепено отворање на малите пансиони и хотели, кои мора да се придржуваат на здравствените мерки против ширење на вирусот.

Таа додава дека за големите туроператори Бугарија спаѓа во групата на ниско ризични дестинации, бидејќи, како што рече, „одлично се носи со последиците од заразата и на време ги презеде мерките за изолација“.

– Во преговори сме со Полска, Германија, Чешка, Романија, Грција, Украина, Израел, Молдавија, Србија, Северна Македонија, Турција и други земји кои покажале интерес за Бугарија како летна дестинација, рече министерката Ангелова.

Таа истакна дека Бугарија се надева на туристи од соседните земји, кои најчесто користат патен транспорт.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 4 милиони

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

За влез во Србија ќе Ви треба негативен тест за коронавирусот, не постар од 72 часа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама го прозва македонскиот претседател: Не е праведно Пендаровски да бара раздвојување од Албанија на патот за ЕУ

Редакција

Детали за авионската несреќа кај Кавала: Сите загинати се украински државјани

Редакција

Нова демократија: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница