еМагазин
Image default
Македонија

Македонија продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, тврди бугарскиот амбасадор во ЕУ

Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Северна Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, јави Бугарското национално радио (БНР).

– Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ со строго почитување на сите критериуми. За жал, нашите македонски партнери продолжуваат да не го спроведуваат Договорот за соседство со Бугарија, што е еден од условите за отворање на патот на Северна Македонија кон почеток на преговорите.

Сепак, Бугарија останува подготвена за дијалог, изјави амбасадорот Цанчев по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанчев ја истакна потребата од приоритетно обезбедување на вакцини за земјите од Западниот Балкан, додавајќи дека Софија го поддржува воведувањето на дигитален зелен сертификат, кој треба да го олесни слободното и безбедно движење и водено да придонесе за закрепнување на туристичкиот сектор.

На состанкот на Советот, одржан во онлајн, се разговарало за преговорите за членство во ЕУ на Црна Гора и Србија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарска комора: Насилството во здравството е многу почеста појава отколку што се зборува за неа

Редакција

Основен кривичен суд: Да се истражат заканите и притисоците на дел од адвокатите во „ТНТ“

Редакција

Али Ахмети и Џелал Бајрами ќе сведочат во „Монструм“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница