еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија се откажува од рускиот гас, нема да го продолжи договорот со Газпром

Во интервју за Бугарското национално радио, вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија, Асен Василев, изјави дека во сегашната ситуација Софија нема да разговара со рускиот енергетски гигант Газпром за продолжување на договорот за испорака на гас.

Според Василев, постои алтернатива за рускиот гас и на Бугарија и се потребни три милијарди кубни метри од енергенсот.

-Испораки има од Катар и Алжир, но цената ќе биде малку повисока. Ова ќе биде паневропска стратегија, а не само бугарска. Во следните 1-2 недели ќе се разговара на европско ниво да се направи заеднички договор за гас за цела ЕУ и во него да нема конкуренција меѓу поединечните земји.

Овој механизам се очекува да проработи во текот на летото, изјави бугарскиот министер за финансии и вицепремиер.

Договорот за испорака на руски гас за Бугарија истекува на 31 декември годинава, јави дописникот на МИА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Brothel Tango“ од Кирил Џајковски во новата серија на Марвел

Редакција

Нови имиња во партиските органи на ДУИ: Се е менливо освен лидерот Али Ахмети

Редакција

Од Фондот за здравство тврдат дека податоците на граѓаните се безбедни и дека не се украдени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница