еМагазин
Македонија

Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал.

Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин.

Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захарева на Фејсбук. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР го осуди палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал

Палењето на бугарското знаме е недопустливо и за осуда, порача Пендаровски

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негрижа на родител прати 14 ученици во изолација, вели Папаров директорот на штипското училиште „Ванчо Прќе“

Редакција

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти од Ковид-19

Редакција

Ново рочиште за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки и дека има рак, судијата не дозволи одложување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница