еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Бугарија во преговорите со Македонија се раководи од Декларацијата на бугарскиот Парламент, вели министерот Стоев

Бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев во однос на европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и оти 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат таа позиција.

-Бугарија секогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ќе продолжиме да работиме на обновувањето на довербата, рече тој.

Бугарскиот министер додаде дека очекуваат правни гаранции за почитување на Договорот од 2017 и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето.

Стоев додаде и дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја од регионот разбира дека патот кон ЕУ е најсилниот фактот за демократија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

МИА/Фото: Фејсбук/Стоев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за кардиологија член на резервен тим со симптоми на корона вирусот

Редакција

Собранието ги одложи пописот и локалните избори

Редакција

Полицаец од ОВР Пробиштип си пукнал во дланка додека го чистел пиштолот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница