еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница во Парламентот за Македонија

Бугарската партија „Има таков народ“ ќе побара затворена седница на Парламентот за С. Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема, изјави претседателот на парламентарната група Тошко Јорданов на прес-конференција, откако се обзнани дека шест пратеници од нивната партија се изјаснија за независни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јорданов, партијата „Продолжуваме со промената“ се обидува да го измести фокусот од ветото за С.Македонија.

Тој рече дека станувало збор за таен стенограм, во кој премиерот на Бугарија, Кирил Петков пред некои еврокомесари разговарал што планира да прави за оваа тема, прашувајќи дали тоа не е национално предавство и ако не е, што ги спречува да одржат затворена седница.

Јорданов рече дека се собрани потребните 48 потписи за одржување затворена седница оваа недела, но претседателот на Парламентот, Никола Минчев го одбил тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Петков Трифонов бил коалционен партнер на мафијата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Редакција

Повторно вратена редовната автобуска линија до Солун

Редакција

МНР нема информации за македонски државјани во Италија заболени од корона вирус, повикуваат на претпазливост при патување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница