еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот европратеник Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата

Запрашан дали се планира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во земјава, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека МНР размислувало за тоа прашање, но се поставила дилемата дали со таквата постапка нема да се влезе во неговата приказна, да му се даде можност за промовирање и да се игра неговата игра.

– Мислам дека целта на господинот, колку што е да провоцира, е и да се промовира, да предизвика реакција кај нас и таа реакција да ја искористи во својата политичка промоција. Тој е маргинален лик, изјави Османи.

Тој нагласи дека партијата на Џамбаски на последните избори во Бугарија не влезе ни во Парламентот и на нив по секоја цена им треба внимание, а бидејќи не можат да го провлечат во нивната земја, се обидуваат тоа да го направат со провокации кај нас.

– Не сакаме да им дадеме премногу тежина на такви маргинални провокатори. Ако тоа беше изјава на министер, на пратеник во бугарското Собрание, тоа  ќе имаше други импликации. Меѓутоа ние сега да правиме приказни од провокатори, кои не ги сака ни нивното општество… Извинете, но не сакам да ја играм нивната игра, додаде Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Џамбаски и неговите сопартијци го спречија положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

МИА/Фото: Фејсбук/Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19 починале: Вкупно 11.113 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 266 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 152

Редакција

(Фото) 10-годишниот Петар се уште не е најден, роднините со апел за помош: „Временските услови се многу лоши, патот е непрооден“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница