еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот премиер Петков во самоизолација, одложена посетата на Македонија

Посетата на премиерот на Бугарија, Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков, кој е во изолација поради контакт со заразен од ковид, привремено на сите веќе планирани средби ќе го менува вицепремиерката Калина Константинова.

Претходно бугарската влада информира дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет, Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови.

Петков продолжува да работи од самоизолација и е во постојан контакт со членовите на бугарската влада. Тој ќе ја одржи онлајн денешната средба со работодавачите.

Петков присуствуваше на вчерашниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедноста кај претседателот Румен Радев на кој се расправаше за Северна Македонија. Неколку часа по состанокот беше објавено дека претседателот на Народното собрание, Никола Минчев има коронавирус, по што сите присутни се самоизолирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија, повторно даде зелено светло за Албанија: Епилог од седницата на Советот за национална безбедност

МИА/Фото: Петков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании

Редакција

Антикорупциска поднесе иницијатива до ОЈО за кривично гонење на поранешниот министер за култура Исмаили

Редакција

(Видео) Концерт пред грчкиот Парламент и нови масовни протести денеска за железничката несреќа кај Темпи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница